Црна хроника
Албанска државјанка во Гостивар труела и ограбувала старци
Кривична пријава против 51-годишната албанска државјанка Н.Б од Корча, со нерегулиран престој во нашата земја, поднесе полицијата од Тетово, поради основано сомнение дека извршила кривични дела: “убиство во обид“ и “кражба“.
Пријавената албанска државјанка се сомничи дека во периодот од мај до средината на септември годинава, на четири лица од Гостивар, претежно во постари години, во храната или пијалоците, прво ќе им ставела непозната материја и ќе ги доведела во безсознание, а потоа им крадела пари и златен накит во вкупна вредност од милион денари.
„Осомничената, по која беше распишана потрага, на 8-ми овој месец беше приведена на граничниот премин Табановце, а вчера со кривична пријава беше изведена пред истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој и определи 48-часовен притвор“, соопшти СВР Тетово./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

