Црна хроника
Уапсени 40 девојки од женската банда „Палави барбики“
Њујоршката полиција уапси 40 девојки од женската банда „Палави барбики“, огранок на поголема група под името „Тринитариос“, која оперирала низ Бронкс, заради повеќекратни убиства и други злосторства.
Во тек е истрага поврзана со девет убиства и 24 обиди за убиства воглавно на членови на конкурентските банди во Бронкс и блискиот Јонкерс.
Рејмонд Кели, комесар на њујоршката полиција вели дека групата Тринитариос во својот зенит имала 100 членки.
Водачот на бандата, Марија Мехија, е осомничена за убиство со нож на членот на познатата банда Крипс во „МекДоналдс“ во 2005 година. Оваа 24 годишна девојка исто е обвинета дека пукала на жртва на грабеж пред мексикански ресторан истата година.
Истрагата поврзана за бандата Тринитариос доведе до апсење на 119 луѓе во Бронкс и на Менхетен од 2009 година до денес. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

