Црна хроника
Приведен командант Коки
Полицијата во недела вечер го приведе Н.Ѓ.(35) со прекар командант Коки од Скопје.
Според полициски извори, полицијата забележала патничко возило „Ауди А-6“ со странски регистерски ознаки како се движи со голема брзина и го запрела, а потоа од возачот побарале да се легитимира.
Тој, наместо да покаже легитимација, започнал да ги навредува полициските службеници заканувајќи им се со одмазда откако ќе дошол на власт.
Заради недоличното однесување, истиот бил предупреден и му било укажано да ги извади рацете од џеб. Во тој момент осомничениот тргнал кон полициските службеници за физички да се пресмета со нив.
Од ударите во глава еден од полициските службеници се здобил со контузија по што е пренесен во Градската општа болница каде од страна на докторите е констатиран потрес на мозокот и тој е задржан на натамошно лекување.
Во меѓувреме на лице место пристигнала екипа на мобилната „Алфа“ единица по што напаѓачое е совладан, доведен во послушност и спроведен во полициската станица „Кисела Вода“ каде е задржан на службен разговор се до целосно документирање на делото и негово изведување пред надлежен Истражен судија.
Последен пат против истото лице кривична пријава беше поднесена на 06 јуни оваа година кога со безбол палка „испрашувал“ момче за неговиот политички ангажман. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

