Црна хроника
Пожар во зграда во Ново Лисиче-двајца во болница поради проблеми со дишењето
Непознат сторител во понеделникот подметнал пожар во зграда во Ново лисиче на булевар „АСНОМ“, а од чадот од огнот, двајца станари се пожалиле на проблеми со дишењето и биле пренесени во болница, соопшти СВР Скопје.
Сторителот со запалива течност во противпожарниот претпростор и ходник со запалива течност предизвикал пожар и избегал.
Станарите го забележале пожарот и пријавиле, по што противпожарната единица за брзо време го изгаснала. При гасењето на пожарот двајца станари се пренесени во болница поради проблеми со дишењето.
Жената која била примена во болница, а задржана на лекување, додека другиот станар е пуштен на домашно лекување.
Во пожарот изгорел претпросторот и некои стари работи кои се наоѓале во ходникот.Полицијата трага по сторителот кој го подметнал пожарот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.