Црна хроника
Филмски грабеж во Кавадарци, сопственикот на дуќанот ги нападнал крадците
Сопственик на златарски дуќан во Кавадарци се пресметувал со маскирани разбојници, кои дошле да го ограбат.
Настанот се случил во саботата наутро, кога маскирани лица, вооружени со пиштоли, извршиле напад врз златарскиот дуќан на 47 годишниот С.К. од Кавадарци, при што му одзеле околу 80 златни прстени и 12 златни синџирчиња, кои според него, биле во вредност од 16.000 евра
Имено, сторителите откако влегле во златарскиот дуќан, две од нив му пришле на С.К. и почнале да го удирааат, а третото влегло во шанкот за да го земе накитот. Во еден момент газдата на дуќанот успеал да им ги извади маските од главите ( при што препознал едно од нив), по што бил удрен со пиштол во пределот на главата и биле истрелани два куршума во непознат правец. Разбојниците откако го украле златниот накит, се упатиле кон автомобилот, но пред да тргнат, С.К. со дрвен стол им го скршил предното лево стакло од возилото, по што двајца од сторителите трчајќи побегнале, а останатите двајца крадци успеале да побегнат со возилото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.