Црна хроника
Накитот на мета на крадците во скопско и тетовско
Златен накит, бисери и рачен женски часовник биле украдени во петокот од куќа во скопското село Батинци.
Според полицијата, крадецот влегол преку прозорецот и го украл накитот, бисерите и часовникот, чија вредност се проценува на 350.000 денари.
Истиот ден, во станот сопственост на С.Р. (41), на улица Струмичка, непознат сторител откако со прекачување се качил на балкон од станот и насилно ја отворил балконска врата од дневната соба , влегол внатре и направил пребарување по што одзел преносен компјутер, мобилен телефон , три машки рачни часовници , два женски рачни часовника и разен златен накит, се во вкупна вредност од околу 420.000 денари.
Накит вреден 370.000 денари бил украден во саботата од куќа во тетовското село Гајре. Крадецот со употреба на сила ја отворил помошната врата од задната страна на куќата, влегол во спалната соба од првиот кат, извршил пребарување и одзел несесер со златен накит.
Во сите случаи полицијата трага по крадците. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на „Партизанска“: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж
Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.