Црна хроника
Идентификувана убиената девојка од Кисела Вода
Полицијата го утврди идентитетот на втората убиена девојка од пред два дена во скопската населба Кисела Вода, а се работи за 27-годишната Марта П.
По превземените оперативни мерки СВР Скопје го утврди идентитетот на лицето кое што завчеравечер беше пронајдено со прострелна рана во главата во автомобил “Опел астра“ паркирана на улицата “Ѓорѓи Димитров“ во скопската населба Кисела Вода, а се работи за Марта П (27) од Скопје, соопшти МВР.
Како што претходно информиравме, во неделата вечер, во 19 часот во стан на посочената улица беше пронајдено телото на Виолета Т. (27) со прострелна рана во пределот на главата.
Триесет минути подоцна на истата улица во паркирано возило беше пронајдено и телото на Марта П. Која во тој момент не беше идентификувана.
Во непосредна близина на овие локации, односно во дворот на ОУ „Круме Кепески“ три часа подоцна беше пронајдено и телото на Кирил Р. (34) исто така со прострелна рана во пределот на главата а покрај телото и пиштол марка “Валтер“, што Кирил Р. го поседувал со дозвола).
СВР Скопје работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

