Црна хроника
Во грабнување во Колорадо убиени четири лица
Четири лица се убиени, меѓу кои е и напаѓачот, во грабеж во саботата во Аурора во американската држава Колорадо, во истиот град во кој минатиот јули вооружен напаѓач уби 12 а рани 58 лица, пренесува Reuters повикувајќи се на локалната телевизија KUSA.
По неколку часа безуспешни преговори со киднаперот, припадниците на специјалните единици на полицијата влегле во куќата во која се забарикадирал, јавила телевизијата. Во куќата биле пронајдени телата на три застрелани лица.
Како што пишува Daily News, се претпоставува дека станува збор за заложници, бидејќи по повикот на полицијата не излегле доброволно од куќата. Полицијата дошла на местото на настанот откако соседите пријавиле дека од една од куќите се слушаат истрели.
Полицијата во Аурора сѐ уште не даде подетални информации за инцидентот. Полицијата во саботата попладне го информирала соседството за вонредната ситуацијата и евакуирала неколку лица, изјавила за локалната телевизија портпаролката на полицијата Кесиди Карлсон. Додала дека едно лице успеало да избега од куќата која била опсадена од 40 специјалци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

