Црна хроника
Фатен криминалец што треба да лежи затвор
Пред два дена фатен е криминалец осуден на една година затвор во скопско Петровец, соопшти МВР.
Имено, на 8 јануари, околу 9.30 часот, во село Петровец- скопско од страна на СВР Скопје- Комесаријат за криминалистички истраги Единица за интервенција,истраги и поддршка-потраги лишен е од слобода Зоран Ј.(41) од Скопје.
Тој се бара од Основен суд Скопје-1, за издржување казна затвор од една година и два месеци за кривично дело „недозволено изработување,држење и трговија со оружје „ и за издржување казна затвор од две години за кривично дело „ фалсификување исправа“.
Зоран Ј. Е спроведен во затвор „Идризово“ – Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

