Црна хроника
Струмичанец загина во сообраќајка на патот Штип-Радовиш
Струмичанец загина во сообраќајна несреќа што се случи во неделата попладне околу 15.45 часот, на патот Штип-Радовиш, соопшти МВР.
Сообраќајката се случила кога камион со којшто управувал шеесет и двегодишен радовишанец излетал од коловозот и се превртел.
Во несреќата загинал триесет и двегодишен сопатник од Струмица. Се истражуваат точните причини за сообраќајката./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и им се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

