Црна хроника
Поштата не била осигурeна
Главната пошта кадешто во вторникот попладне избувна голем пожар не била осигурeна.
Директорот на „Македонски пошти“, Рафиз Алити, вели дека иако сега поштата не е осигурeна, бидејќи тендерот за избор на осигурителна компанија сè уште не бил завршен, во тендерот имало клаузула која ја обврзувало компанијата која ќе го добие тендерот, да го започне осигурувањето од 1 јануари 2013 година.
Тоа значи дека компанијата која ќе го добие тендерот ќе треба да ја исплати штетата од пожарот. Алити смета дека компаниите кои се пријавиле на тендерот нема да се откажат бидејќи ним им била позната оваа клаузула, но сè уште не комуницирале со ниедна од нив.
„Имавме отворен тендер, секоја година ја осигуруваме зградата. И оваа година ќе биде осигурeна, но тендерот е сè уште отворен. Во тендерот има една клаузула, тој што ќе ја осигурува зградата, односно ќе го добие тендерот, тоа осигурување да важи од 1 јануари 2013 година“ изјави Алити.
Тој вели дека во пожарот направена е минимална штета, првиот кат не бил оштетен, оштетен бил покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат. Точната сума колкава штета е направена сè уште не се знае, стручна комисија што ќе биде формирана утре ќе први проценка.
Не се знае дали се изгорени парите од дневниот промет во шалтер салата и од менувачницата, но вработените пред да излезат од зградата ги прибрале во железните каси.
Увидот е сè уште во тек и се утврдуваат точните причини за пожарот. Засега останува претпоставката дека дошло до спој на електрични жици.
Пратките функционираат нормално, а се очекува наскоро да почне да се врши и наплата и исплата. Иако синоќа Алити првично рече дека пожарот избувнал од сервер салата, денеска новите информации говорат дека сервер салите не се оштетени ниту од огнот, ниту од водата.
Пожарот избувна во вторникот околу 16.30 часот, а пожарникарите го гаснеа скоро три часа./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

