Црна хроника
Насилник ограби скопјанка
Арамија нападнал 51 годишна скопјанка во среда вечер на улицата Петар Дељан, во моментот кога излегла од автомобилот, при што и биле украдени пари.
Како што соопшти полицијата, непознат сторител со удар со рака во пределот на главата, ја турнал на земја 51 годишната С.Г. и со спреј ја испрскал по лицето и одзел чанта во која имало мобилен телефон, со кредитни картички и 700 денари, како и најлонско ќесе со 400.000 денари, дневен промет од спортската обложувалница „Спорт Лајф“.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца уапсени во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
Ноќеска во 00:08 часот на улицата „Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од село Миравци, гевгелиско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
Додека, при преглед во возилото, во кое сопатник бил Р.А., е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против Т.П. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

