Црна хроника
Приведени тројца осомничени за 25 кражби на возила во Аеродром и Ново Лисиче
Скопската полиција во саботата соопшти дека привела три лица кои се осомничени како можни сторители на 25 кражби, од кои четири во обид, извршени во скопсите населби Аеродром и Ново Лисиче.
Поради поради основано сомнение дека се можни сторители на кражбите приведен е еден 62-годишне жител на скопското село Смилковци и уште двајца 20-годишници од селото Булачани, исто така, крај Скопје.
Тие се сомничат дека на подрачјето на населбите Аеродром и Ново Лисиче, со употреба на погоден предмет од патнички возила, мопеди и скутери одземале акумулатори, радио-касетофони, алат, зимска опрема, противпожарни апарати, резервни тркала и други предмети.
Од извршениот разговор со приведените, било констатирано дека тројцата со своето возило „југо“доаѓале во вечерните часови во населбите Ново Лисиче и Аеродром и со штрафцигер насилно ги отварале возачките врати од возилата, најчесто од типот „југо“ и „застава 101“. Потоа ја отварале хаубата и од просторот кај моторот ги одземале акумулаторите со демонтирање и со сечење на каблите, а од кабината на возилото ги одземале радио- касетофоните. Од багажникот одземале, алат и ланци за снег, противпожарни апарати и други предмети. Исто така, од повеќе мопеди и скутери одземале акумулатори и други делови.
Исто така, во постапката било извршено и препознавање на украдените предмети од страна на оштетените граѓани, по што против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

