Црна хроника
Ја грабнал и ја присилувал да му биде сопруга?
Девојка од струмичкото село Мемешли тврди дека нејзиното поранешно момче од штипското село Шашаварлија ја киднапирал за да му биде сопруга, додека момчето тврди дека таа доброволно се согласила, но подоцна се премислила.
Дваесет и едногодишната девојка во полиција изјавила дека нејзиното момче ја грабнало и се обидело да ја силува присилувајќи да му биде сопруга.
Според нејзината изјава, во четвртокот околу 16 часот додека со нејзиниот мопед се враќала дома од работа, на земјениот пат пред селото Мемешли ја пречекало нејзиното момче со којшто била во љубовна врска пет месеци.
Со уште две други лица, насилно ја внеле во неговиот автомобил „Опел астра“ и откако ги оставил двајцата пријатели ја однел на непозната локација. Во автомобилот ја соблекол и извршил полови дејствија врз неа, но не ја силувал.
Момчето пак во полиција раскажало дека не ја грабнал насилно, туку дека се договориле таа да замине со него и да му биде сопруга, но во меѓувреме се премислила.
Во автомобилот биле најдени мобилниот телефон и облеката на девојката, а гинеколошкиот преглед не констатирал повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

