Црна хроника
Грк со автомобил удри во моторџија во Скопје
Еден моторџија е повреден во сообраќајната незгода што се случила во средата околу 18:20 часот, на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, кај Соборниот храм во Скопје.
Според информациите од полицијата, до сообраќајката дошло кога возило Сеат Ибица, управувано од грчкиот државјанин Т.П. (1976) удрил во мопед Хамачи, управуван од скопјанецот И.Т. (1985).
Скопјанецот со телесни повреди е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Двајца уапсени во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
Ноќеска во 00:08 часот на улицата „Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од село Миравци, гевгелиско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
Додека, при преглед во возилото, во кое сопатник бил Р.А., е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против Т.П. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

