Црна хроника
Меѓуетнички инцидент во кичевската гимназија предизвика протест
Меѓуетнички инцидент што се случил во вторникот во кичевската гимназија предизвикал протест во кругот на гимназијата.
Инцидентот се случил во вторникот попладне кога ученици од албанска националност од трета година, во оваа гимназија нападнале ученици од македонска националност на иста возраст.
Според информациите на СВР Охрид, причината за нападот била банална. Учениците Македонци биле со неколку девојки, а учениците Албанци им дофрлувале на девојките. Во одбрана на девојките, тројца ученици Македонци биле нападнати од четворица ученици Албанци.
Учениците се здобиле со лесни телесни повреди, но овој инцидент предизвикал протест и револт кај учениците Македонци.
Според информации од полицијата, учениците Македонци во средата околу 13.30 часот излегле на мирен ненајавен протест во кругот на гимназијата којшто траел до 15 часот.
Според неофицијални информации од гимназијата, учениците и денеска ја бојкотираат наставата. За причините за инцидентот има уште една неофицијална верзија, според која инцидентот настанал кога учениците Македонци се обиделе да излезат од задната врата на гимназијата и биле пресретнати од група Албанци кои не им дозволувале да излезат низ таа врата со изговор дека „вратата била нивна“.
Од полицијата демантираат дека ова била причина за инцидентот. Кичевската гимназија „Мирко Милевски“ е мултиетнички и во неа учат и ученици Македонци и ученици Албанци.Од 2011 гимназијата има двајца директори еден Албанец и еден Македонец, македонското име е „Мирко Милески“, а албанското име „Дрита“.
Во оваа гимназија досега ретко се случувале инциденти./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.