Црна хроника
Спречен обид за шверц на хероин
Цариниците во недела спречија обид за шверц на околу 5,2 кг наркотичка дрога -хероин на Граничниот премин Богородица.
Како што информираат од Царината, во еден час по полниќ, за влез во државата на граничниот премин Богородица царинските службеници селектирале за детален преглед автомобил „голф-5“ со македонски регистерски таблички, управувано од лицето И.С., македонски државјанин, кој патувал на релација Истанбул-Скопје.
При преглед на возилото, во специјални изработени прегради (бункери) од внатрешната страна на четирите бандажи од возилото, како и во ќеса обвиткана со алуминиумска фолија и самолеплива трака во внатрешноста на акумулаторот, пронајдени се 5.2 килограми хероин.
Вредноста на дрогата, доколку завршеше на пазарот на мало, би достигнала 500 илјади евра.
Истовремено, (околу 01:30 часот по полноќ) на граничниот премин Деве Баир, при преглед на бугарски автобус пријавен за излез од државата, во пределот за рачен багаж над седиштата, царинските службеници пронашле најлонска ќеса, во која е пронајден еден пакет со марихуана со вкупна тежина од 1,2 килограми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

