Црна хроника
Криминална група од Србија извела серија грабежи во Словенија
Словенечката полиција, со помош на колегите од Србија, успеа да ја реши енигмата на зачестени вооружени грабежи на банки, златари и пошти во различни краеви на Словенија од крајот на 2011 до средината на минатата година.
За десет такви грабежи изведени од ноември 2011 до јуни 2012 година на подрачјето на Копар, Марибор, Љубљана и Крањ, поднесени се кривични пријави против 11 државјани на Србија, помлади мажи на возраст од 20 до 26 години од подрачјето на Белград.
Клопчето започнало да се одмотува по грабежот на една пошта во близина на Копар, кога беа уапсени петмина млади луѓе од Земун. Потоа, словенечката полиција, во соработка со српските колеги, им влезе во трага и на останатите, кои се познати на полицијата по дебелите криминални досиеја.
Тие во помали организирани групи заради кражби доаѓале во Словенија со различни превозни средства, а веднаш по акциите се враќале во Србија со грабнатите пари. Во насилните акции за застрашување на жртвите се користеле со огнено и студено оружје.
Вкупната материјална штета што ја направиле со грабежите на подрачјето на Словенија се проценува на 123.000 евра. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

