Црна хроника
Вештаци детално ги објаснија причините за смртта на жртвите од „Монструм“
Вештаци од судска медицина во средата пред судот објаснуваа како настапила смртта кај петмината убиени кај Смилковското езеро во април минатата година.
Вештото лице Рената Јанковска – Ајанова објасни дека смртоносна за Цветанчо Ацевски била повредата од вратот кон главата. Филип Славковски добил смрттна повреда, која завршила во неговото срце, а имал и други тешки телесни повреди.
Според вештакот Горан Павловски, кај Кире Тричковски имало раскинување на рбетниот мозок, додека Александар Наќевски бил изрешетан со осум проектили, од кои седум биле прострелни и една устрелна рана.
Рибарот Борче Стефковски би застрелан со четири проектили.
Кон петмината било пукано од сите страни со автоматски пушки и пиштол. Веднаш по убиството Судска медицина излезе со информации дека убиените не биле врзувани и мачени, туку биле изрешетани.
Се очекува да се презентира заедничкиот извештај на Министерството за внатрешни работи и Судска медицина за тоа што точно се случило лани на 12-ти април.
Пред судот за убиството одговараат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, додека двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство. /крај/фф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

