Црна хроника
Нинџа негира дека пукал кон сведокот од Детонатор, вечерта бил на роденден
Александар Василески Нинџа обвинет дека го нападнал и пукал кон клучниот сведок во случајот Детонатор, Драган Стоименов во четвртокот пред судот негираше дека го нападнал Стоименов.
Двајцата обвинети даваа исказ пред судот, но оштетениот Драган Стоименов не се појави. На судењето присуствуваа и две судијки од САД, кои се во посета на Македонија за да им пренесат искуства на македонските судии за примената на новиот Закон за кривична постапка.
Според исказот на Нинџа, вечерта на 2-ри декември кога Стоименов беше повреден во ногата, Нинџа воопшто не се сретнал со него. Таа вечер заедно со својата сопруга биле на роденден кај пријателите, Ибраим и Сузана Ајдини.
Стоименов го знаел од пред десет години, од времето кога Стоименов работел како обезбедување и стоел на врата низ скопските дискотеки. Поинтензивно почнале да се дружат од пред две години кога почнале да се среќаваат во теретаната во скопскиот хотелот „Александар Палас“.
Поседувал и пушка и пиштол со дозвола, но тврдеше дека таа вечер не бил вооружен. Со оглед на тоа што бил припадник на специјалната единица „Лавови“, Нинџа тврдеше „ако сакав да го убијам Стоименов, сигурно немаше да биде жив“.
Другиот обвинет за овој напад, Никола Митревски Кољо пред судот рече дека Василевски „не е ни крив, ни должен“, вечерта воопшто не биле заедно. Го пОвика Стоиме4нов да ја каже вистината и да не „мести“ луѓе.Таа вечер Митревски бил во кафуле со своја пријателка и се разделиле кај трговскиот центар „Бисер“. Таму го сретнал Стоименов кој му кажал за тепачка во којашто учествувал Стоименов и која била снимена. Според Митревски, Стоименов и уште неколкумина истепале повозрасен човек и сетоа тоа го снимиле. Стоименов сакал да му ја покаже снимката и рекол дека ќе ја симне пред зградата каде што живее на булеварот во скопската населба Јане Сандански.
Но потоа го поканил да се качат кај него во станот. Митревски одбил, по што Стоименов извадил пиштол и почнале да се борат. Во турканиците, пиштолот неконтролирано пукнал, па двајцата исплашени почнале да трчаат на различни страни. Митревски вели дека го видел Стоименов како трча и не претпоставувал дека е повреден.
Пред судот во четврток сведочеше и брачната двојка Ибраим и Сузана Ајдини, како и сопругата на Нинџа, Ивана Василевска кои потврдија дека Нинџа вечерта бил на роденден.
Пред судот се појави и таксистот кој според обвинението ги возел Нинџа и Кољо од Аеродром кон Автокоманда, но тој во четвртокот не можеше со сигурност да каже дека таа вечер ги возел токму двајцата обвинети. Во исказот пред истражниот судија посочил две лица кои биле најслични со оние кои ги возел.
Во судот во четврток не се појави оштетениот Стоименов за да сведочи, бидејќи не бил уредно поканет. Судењето е одложено за на 28-ми февруари во 10.30 часот.
Според обвинението, Василески заедно со Никола Митревски се договориле да го пресретнат Стоименов и да пукаат кон него.
Според обвинението, на 2-ри декември Митревски му пришол на Драганчо, а од другата страна се појавил Василевски и испукал еден куршум во неговото колено и избегале. Двајцата се товарат за обид за убиство, а Митревски и за помагање.
Стоименов досега преживеа четири напади врз него. Дел од обвинетите во Детонатор се товарат дека двапати му подметнале експлозивни направи во близина на неговиот автомобил, а првообвинетиот го бркал и со ловна пушка.
Александар Василески Нинџа се појави како сведок и во случајот „Ровер“ во кој му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски за убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Нинџа по 12 години првпат прозборе за овој случај и рече дека според неговите претпоставки, Бошкоски е нарачател на убиството на Тушевски./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

