Црна хроника
Во поштенска пратка од Аргентина во Скопје откриен течен кокаин
Во петокот, откако претходно биле добиени оперативни информации, дека е пристигната поштенска пратка (пакет) во ЕМС Пошта 2, Скопје во Скопје, во која има кокаин, по издадена наредба од Истражен судија од Основен суд Скопје 1 Скопје, бил извршен проверка на пакетот пристигнат од Аргентина, во која се пронајдени повеќе предмети меѓу кои две пластични туби за креми од по 200 мл во кои е најден течен кокаин кој на пазарот би чинел до 60 илјади евра.
Проверката што ја извршиле службениците на одделот за недозволена трговија била поради индиции дека во пратката, поточно во тубите е сокриен кокаин во течна форма. Потоа тубите биле предадени на Одделот за криминалистичка техника при министерството за внатрешни работи за вештачење, при што било утврдено дека во тубите течниот кокаин бил спакуван во презервативи, а остатокот од масата во тубите била исполената со крема, така што на тој начин биле минувани царинските контроли бидејќи кога тубите ќе се притиснат излегувала кремата, додека спакуваниот течен кокаин останувал на дното.
Внатрешноста на пластичните туби била исполнета со 300 милилитри течен кокаин. Цената на дрогата, зависно од тоа дали би се продавала на друг купец или, пак, на мало се движи од 20 до 60 илјади евра.
Од МВР соопштија дека работат на целосно расчистување на случајот, поточно откривање испраќачот и примачот на оваа поштенска пратка.
Оваа кација е резултат на добиените оперативни податоци за транспорт и недозволена трговија со кокаин, како и преку размена на информации со американската службата за борба против дрогите DEA, со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на кокаин на релација од Јужна Америка во Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.