Црна хроника
Расветлени шест тешки кражби во Тетово
Секторот за внатрешни работи на Тетово расчисти шест тешки кражби и едно разбојништво кои се случиле крајот на минатата и од почетокот на годинава поширокото тетовско подрачје.
Како што информираше портпарол на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за пет од овие кражби, извршени во угостителски објекти и магацин за сточарски производи во Тетово полицијата сомничи три лица, сите од градот, на возраст од 23 до 26 години.
Осомничените откако насилно ќе провалиле во објектите, одземале телевизори, музички инструменти, сирење и друго, а потоа ги продавале на заинтересирани поединци во Тетово, Гостивар и Охрид.
За извршување на шестата расветлена кражба на музички инструменти во угостителски објект во Теарце се сомничат 30-годишник и уште едно лице, чиј идентитет веќе е познат на тетовската полиција и според Јосифовски наскоро ќе биде повикано на разговор.
Разбојништвото врз тетовски таксист извршено на 5-ти декември минатата 2012 година се сомничи дека го извршил тетовецот 26-годишен тетовец, кој притоа му нанел видливи повреди и му го одзел телефонот на возачот.
Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици додека против шесте лица инволвираните во тешките кражби и разбојништвото ќе следуваат соодветни пријави./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.