Црна хроника
Двајца цариници избркани од работа поради примање мито
Царинската управа на двајца царински службеници им изрече отказ заради примање поткуп при вршење на своите службени задачи, соопштено е во понеделникот.
Отказите се изречени откако царинските службеници, со судска одлука правосилно се осудени за кривично дело „Примање на поткуп“, каде едниот царински службеник правосилно е осуден на казна затвор во траење од шест месеци, а другиот на казна затвор во траење од една година. Во март 2009 година на граничниот премин Ќафасан, од лице со прикриен идентитет цариниците побарале и примиле пари за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат, односно да пресметаат и наплатат царински и други давачки или да ја одземат стоката која од трговски карактер. По откривањето на случајот, царинските службеници беа веднаш суспендирани (привремено отстранети) од работните места, врз основа на покренато обвинение од Основното јавно обвинителство Струга за сторено кривично дело, примање поткуп, а по правосилноста на судските пресуди, двајцата се отпуштени од службата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

