Црна хроника
Момче нападнато во Гостивар по прекинат ракометен натпревар меѓу македонска и албанска екипа
Момче од Гостивар било нападнато на кејот од Вардар кај гостиварската болница, откако бил прекинат ракометниот натпревар меѓу две гостиварски екипи „Вардар Полог“, и „Јехона“, соопштува СВР Тетово.
Само што почнал спортскиот натпревар околу 15.30 часот бил прекинат кога навивачките екипи „гемиџии”, навивачи на македонскиот тим „Вардар Полог” и „кастриоти”, поддржувачи на албанскиот тим „Јехона” почнале да викаат, да се навредуваат и фрлаат пиротехнички средства.
Салата веднаш била испразнета, а по натпреварот во полициската станица во Гостивар, осумнаесетгодишното момче со татка си пријавило дека било нападнато.
Момчето од населбата Дудлог, од каде доаѓаат „гемиџиите”, во полиција тврдело дека го пресретнале седум, осум лица, но тој почнал да бега. Тројца го стиггнале и го нападнале.
Според неговите тврдења, се претпоставува дека напаѓачите биле членови на навивачката екипа „кастриоти”.Гостиварецот немал сериозни повреди, единствено имал гребнатинки на рацете. Побарал лекарска помош во гостиварската болница и веднаш бил пуштен дома. Полицијата работи на расветлување на случајот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.