Црна хроника
Охриѓанец го „хакирал“ универзитетот каде што студирал
Студент во четврта година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид го хакирал компјутерскитот систем на универзитетот кадешто студирал.
Дваесет и шестгодишниот охриѓанец во мај минатата година ги пренасочил компјутерските податоци дојдовни пораки во дигитална форма, од доверлива природа, од електронскиот поштенски сервер на универзитетот кон електронската пошта креирана од страна на пријавениот.
„Пријавениот користејќи го административниот панел на универзитетот, со употреба на легитимна администраторска е-маил адреса на пристап и со користење на надворешна ИП адреса, без да поседува авторизирано одобрение од одговорно лице на универзитетот, извршил навлегување и неовластено пренасочување на поголем број дојдовни електронски пораки од доверлива природа, наменети за повеќе професори, асистенти и други лица вработени на Универзитетот“ соопштуваат од МВР.
Се работи за податоци од финансиски природа за тендерски договори, задачи и прашања за испити, податоци за судски процеси кои ги водел правниот Оддел на Универзитетот и други информации со чија злоупотреба би можело да настане штета врз материјалната и интелектуална сопственост, научно истражувачката дејност, репутација и иден развој на Универзитетот.
Утврдени се три ИП адреси кои припаѓаат на мајката на осомничениот сторител. По претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес во домот на пријавениот, при што е пронајден лап-топ компјутер кој овозможувал извршување нелегални пренасочувања на горенаведените податоци и информации од доверлива природа.против студентот е поднесена кривична пријава./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.