Црна хроника
Разбиена балканска наркомафија која криумчарела дрога од Македонија
Во меѓународна полициска акција разбиена е балканска наркомафија која криумчарела марихуана од Македонија низ Србија, Босна и Херцеговина и Словенија кон западна Европа.
Полицијата запленила околу 20 килограми марихуана од Македонија, а со оглед на тоа што полицијата ги следела подолго време, снимен е секој нивен чекор уште од Македонија, па сè до Врбан.
Во средата биле уапсени двајца босански државјани, Адис С. и Суљо Шкапур во стан во населбата Врбани во Загреб.
Но кога акцијата требало да се заврши, осомничените се забаракадирале во станот, па побарана е помош од специјалците. За нив веќе две години е на сила потерница од Општинскиот суд во Зеница поради затворска казна од три години.
Суљо се смета за клучна алка во зеничка наркомафија. Повеќе пати бил кривично гонет за трговија со наркотици.
Неофицијално фатени се уште двајца членови од нарокомафијата и се спроведуваат подготовки за апсење и во други држави од каде полициите учествувале во акцијата./крај/онаса/јл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.