Црна хроника
Адвокатите во ’Ровер’ ќе бараат реконструкција на убиството на Тушевски и Јанев
Адвокатите на обвинетите за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во 2001 година ќе бараат реконструкција на убиството за коешто е осомничен за помагање и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
Адвокатот Димитар Савовски смета дека и обвинителството ќе прифати да се направи реконструкција на случајот бидејќи во убиството, како што изјави, во настанот се инволвирани голем број лица, обвинети и сведоци.
Во понеделник пред судот сведочеше сопственичката на кафе барот „Панта реи“, пред којшто пред повеќе од десет години се случи убиството.
Во својот исказ рече дека слушнала пукање, излегла и го видела телото на Тушевски, но и човек кој се претставил дека е лекар и и рекол да се тргне.
На местото на убиството забележала двајца маскирани мажи со фантомки кои му впериле пиштол на син и, а потоа видела и бел автомобил од којшто излегле дечко и девојка кои зборувале меѓу себе на српски јазик и си заминале./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

