Црна хроника
Во три тешки кражби одземени околу 20.000 евра
Во три одделни кражби извршени во вторникот во Скопје, и во неделата во Струга, украдени се пари, златен накит, рачни часовници и друго, во вредност од околу 20 илјади евра, јави полицијата.
Имено, во вторникот, во 22,17 часот, во Струга на ул. „Димче Ковачевски”, три маскирани лица влегле во спортската обложувалница „Бет сити Балкан” и со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработениот С.М.(31) од Струга, одземајќи околу 88.000 денари од дневниот промет.
Истиот ден од 9 до 12 часот во Скопје на ул. „Милан Мијалковиќ”, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата на Н.В.(45) и извршил тешка кражба, од каде одзел фотоапарат, четири рачни часовници, златен накит и патни исправи, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 600.000 денари.
Во неделата, пак, од 10.30 до 16.10 часот, во Скопје на ул. „Никола Русински” непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на С.Г.(43), од каде одзел околу 7.000 евра, 100.000 денари, златен накит и бисери и четири рачни часовници, чија вкупна вредност дополнително ќе биде утврдена.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и патеки без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

