Црна хроника
Гостиварка во Сараево се бори за живот откако љубоморно момче ја избодело со нож
Љубовна драма заврши со обид за убиство и самоубиство во сараевската населба Соколовиќ, Колонија. Деветнаесетгодишната Аделиса Мусиќ од Гостивар која живее во Сараево, се бори за живот откако нејзиното момче, дваесет и шестгодишниот Семир Хоџиќ, ја избодел со нож, а потоа се избодел и сам по градите и стомакот.
По пријава од граѓани, полицијата ги пронашла избодените тела во вторникот околу 17.30 часот во автомобил „Форд фиеста“.
Двајцата повредени се превезени во Клиничкиот центар во Сараево. Според лекар од Клиниката за општа и абдоменална хирургија, станува збор за тешки убодни рани.
„Момчето и девојката се донесени во вторникот околу 18.30 часот. Девојката е веднаш оперирана бидејќи е избодена од глава до пети и е сместена на Клиниката за анестезиологија и реанимација. Моментално е на апарати, нејзината состојба е навистина тешка. Се работи за повреди опасни по живот. Избодена е по вратот, рацете, нозете, стомакот и грбот. Момчето е исто така оперирано и сместено на Клиниката за општа и абдоменална хирургија. Тој е во релативно стабилна состојба, си нанел три-четири убодни рани од предната страна на градниот кош и абдоменот“ изјавил лекарот од Клиниката.
Како што раскажал еден од познаниците на Семир, Аделиса раскинала со Семир и нашла ново момче, што најверојатно кај Хоџиќ предизвикало болна љубомора која кулминирала со обид за убиство и самоубиство.
„Сите отсекогаш мислеа сè најдобро за нив бидејќи никогаш ниеден од нив двајца не дал повод за поинакво мислење. Аделиса работеше како фризерка во еден салон Ченгиќ- Вила, а знам дека тој работеше во некоја фирма. Тој е пристојно и фино момче, не сум слушнал дека имале проблеми во врската, но ете се случи, го оставила и готово. Се зборува дека нашла ново момче само да го направи Семир љубоморен. За жал, се случи тоа што се случи“, раскажа познаник на Хоџиќ.
Екипата на „Дневни аваз“ ја посетила Клиниката за анестезија и реанимација каде се наоѓа повредената девојка, но таму немало никој од нејзиното семејство. Таму биле двете сестри и таткото на Семир, кои безуспешно се обидувале да го посетат братот, односно синот, кој бил уапсен во среда околу пладне во Клиниката.
Полицијата не ги пуштала да го посетат братот бидејќи веќе бил уапсен. Според нив, Семир не бил проблематично момче.
„Мојот брат е исклучително добро момче. Има своја куќа, автомобил, работа. Нема причини да прави проблеми бидејќи има сè, ништо не му недостасува. Знам дека неколку месеци беше во врска со Аделиса. Не сум ја запознала никогаш, но верувам дека тоа било нормална врска бидејќи Семир никогаш не ми се жалел на нејзе и на нејзината врска. Дознав дека раскинале, меѓутоа, повторно почнале да се гледаат и сосема ненадејно се случи вакво нешто. Неверојатно“, раскажала постарата сестра на Семир.
На фејсбук профилот Аделиса поставила своја фотографија со некое друго момче, но ја оставила и фотографијата со Семир.
„Не знам што да мислам за сето ова. Прашајте кого сакате за тоа каков е мојот брат. Сите ќе ви кажат дека е пристојно и чесно момче. Како Бог да му го одзел паметот во тој момент“, рекла помалата сестра на Семир./крај/да/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.