Црна хроника
Вкупно 11 затвореници избегаа од затвор од Грција
Единаесет затвореници, претежно странски државјани од кои најмалку петмина Албанци, како што претходно јави тиранскиот весник Шекули, побегнел во петокот во текот на вооружениот напад на затворот Трикала во централна Грција, при што ранети се двајца затворски чувари.
Медиумите пренесуваат дека акцијата за бегството била истовремено и „однатре”, каде што петмина затвореници успеале да дојдат до калашникови со кои пукале врз затворските чувари, Станува збор, како што пренесуваат грчките медиуми, за албански државјани осудени за напади и кражби.
Кон крајот на февруари истиот затвор беше сцена на спектакуларниот обид за бегство на Панајотси Властос, кој во Трикала ја отслужува доживотната затворска казна поради убиства и изнудувања. Властос, кого властите го идентификуваа како припадник на анархистичката терористичка организација Заговорот на огнените келии, беше убиен при обидот за бегство, а неговите помагачи беа уапсени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

