Црна хроника
Кумановец фалсификувал платежни картички
Четириесет итригодишен кумановец фалсификувал платежни картички на странци и подигнувал пари од терминал на домашна банка инсталиран на неговата туристичка агенција, а за што „заработи” кривична пријава „за изработка и употреба на лажна платежна картица”, но е недостапен за полицијата бидејќи подолг период бил надвор од земјата.
Пријавениот кумановец со иницијали С.Б во март и април минатата 2012 година употребил лажни платежни картички на кои вметнал нелегално пријавени банкарски податоци од вистински платежни картички на странски државјани. Притоа, на банкоматот на домашна банка инсталиран на продажно место во туристичката агенција „Талија Травел Трејд ДООЕЛ” во Куманово којашто е во негова сопственост, извршил десет успешни нелегални трансакции со шест различни картички и нелегално подигнал вкупно 681.706 денари.
Кумановецот овие пари ги подигал во готово од сметката на правно лице ТА „Талија Травел Трејд ДООЕЛ” или ги префрлил на сметки на други правни лица.
Инаку, за време на реализацијата на операцијата со кодно полициско име „Русо” во октомври 2012 година бил извршен претрес во домот на скопјанецот М.Н. кој бил организатор на криминална група, при што биле пронајдени три терминали сопственост на три различни домашни банки за кои по извршените проверки било утврдено дека биле инсталирани токму во туристичката агенција „Талија Травел Трејд ДООЕЛ”./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

