Црна хроника
Тројца млади штипјани загинаа во сообраќајка кај Петровец
Тројца млади штипјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата од периодот од 17.30 часот до 23 часот пред патарината Петровец, соопшти МВР.
Во сообраќајката што се случи на патниот правец Скопје – Велес загинаа 18-годишниот Ј.Д., 22-годишниот С.Н. и две години постариот Б.Б. кои се враќале дома накај Штип.
Младите штипјани на околу 500 метри пред патарината во Петровец ја загубиле контролата над возилото, ја пробиле заштитната ограда на патот и завршиле во каналот кој се наоѓа непосредно до автопатот.
Тројцата загинале на лице место, а според неофицијални информации, младите штипјани во саботата биле на свадба во Скопје кај пратеничка од Штип. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

