Црна хроника
Навивачи на Албраса нападнале четворица фудбалери на Башкими, еден повреден со нож
Четворица фудбалери на фудбалскиот клуб Башкими од Куманово и двајца навивачи на овој клуб во неделата попладне биле нападнати по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу двете екипи од трета лига „Албраса од Скопје и Башкими.
По завршувањето на натпреварот кој заврши со нерешен резултат, околу 18 часот, незадоволни од резултатот бидејќи со победа требало да влезат во Втората лига, дел од навивачите на Албарса влегле на теренот и физички ги нападнале фудбалерите на гостинската екипа на стадионот Слога во скопски Чаир, каде се одигурвал натпреварот.
Едниот од фудбалерите бил прободен со нож во пределот на слабината, а нападнати биле и двајца навивачи на кумановската екипа.
Сите повредени се пренесени во градската болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за идентификување на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

