Црна хроника
МВР и судска медицина ги завршија извештаите за сообраќајката во која загина Младенов
Министерството за внатрешни работи ги заврши крим техничките вештачења на возилото на новинарот и сопственик на Фокус Никола Младенов, а Институт за судска медицина во вторникот го испратиле до судот својот извештај за причините за смртта на Младенов кој минатата недела загина во тешка сообраќајка на патот Велес – Скопје кај клучката кај Хиподром.
Во текот на денот се очекува МВР да го презентира извештајот пред истражниот судија.
Министерството вршеше надворешно и внатрешно вештачење на возилото, а ќе се прави и дополнително вештачење за техничката исправност на возилото, за што се чека дополнителен налог од од истражниот судија за да се утврди кој ќе го прави тоа вештачење.
„Во однос на суштината и содржината на тоа што е утврдено во вештачењата, прашањата и одговорите ќе мора да ги упатите до истражниот судија кој е единствен надлежен во овој момент да ја води истрагата. Ние завршивме со крим-техничките вештачења и во текот на денов извештаите за кои добивме наредба да ги направиме ќе му бидат презентирани на самиот истражен судија. Потоа зависно од неговите согледувања и сите други информации со кои располага останува да процени кога, дали и во каква форма ќе ја информира јавноста за деталите на овој случај“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Од Основниот суд Скопје 1 велат дека не добиле ни еден извештај, ниту од МВР, ниту пак од Судска медицина, очекуваат деновиве да ги добијат извештаите и после ќе излезат со информации за јавноста.
Екипа на весникот „Нова Македонија“ го мина автопатот Скопје – Велес – Скопје и според фискалните сметки кои ги најдоа на лице место и времето кога се минати патарините на автопатот, многу веројатно е Младенов вториот пат да се задржал барем 35 минути во Велес или некаде кај Велешко Езеро./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

