Црна хроника
„Алфите“ во март привеле 313 лица по разни основи
Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот минатиот месец, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 929 лица, извршен е преглед на 101 возило, а по разни основи приведени се вкупно 313 лица.
Како што соопшти во саботата МВР, по основ на телеграма проведени се 36 лица, по основа на потраги, гласник, наредба од Основен суд –31 лице, под сомнение за извршено кривично дело –56 лица, по извршено кривично дело – 30, на лице место во вршење на кривично дело – 12 лица, за издржување на казна затвор –шестмина, за утврдување на идентитет – тројца, странски државјани со нерегулиран престој – пет лица и за држење недозволени предмети – девет лица.Вкупно приведени лица по ЈРМ – 41Учество во тепачка – 22Физички напад – 8Нарушен ЈРМ – 10Напад на ПС – 1Вкупно приведени лица со оружје – 1Сигнален пиштол – 1Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 60НН тревкаста материја – 54НН прашкаста материја – 5НН таблети – 1Вкупно приведени лица со ПМВ – 18по телеграма – 12сторен царински прекршок – 1сообраќаен прекршок – 5Вкупно приведени лица со моторцикл без документација – 4Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 21 и се пронајдени: три моторцикли и делови од облека со кои е извршено кд; поголема количина алкохолни пијалоци; моторцикл предмет на извршено кд; пронајдени предмети што се предмет на извршено кривично дело Фалсификување пари; компјутер и принтер што е предмет на извршено кд. Фалсификување пари; пиштол без Одобрение и ловна пушка; поголема количина текстилни производи; неколку телевизори, неколку лап-топа, рачен накит и обемна документација – предмет на извршено кд; /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

