Црна хроника
Го убил пријателот оти овој побарал да спие со жена му
Педесет годишен скопјанец е убиен ноќеска околу два часот во куќата на неговиот пријател, на улицата Охридска во Скопје.
Трагедијата се случила откако сега покојниот Неџат.Х. бил во домот на неговиот пријател четириесет и шестгодишниот С.Б., каде што пиеле.
Во еден момент, според изјава на С.Б. во полицијата, Неџат побарал да има секс со неговата сопруга, по што избувнала кавга, а С.Б. со тврд предмет го удрил Неџат по главата. Од ударот тој починал на самото место. Откако видел што направил, С.Б. веднаш се пријавил во полиција. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајден кокаин
Вчера во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Т
Тој, според полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Струмица, пронајдена дрога
Вчера во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.В.(20) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фрлил две пакувања прашеста материја кога ја забележал полицијата: уапсен 49-годишен охриѓанец
Синоќа во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.
Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.