Црна хроника
Градоначалникот на Илинден, министерот Јанакиески и Елвир Мекиќ ќе сведочат во Монструм?
Одбраната во случајот Монструм за сведоци ќе ги предложи градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и пејачот Елвир Мекиќ.
Судот треба да ги прифати овие предложени сведоци, за тие да дојдат во судот и да дадат исказ.
Според одбраната, на денот на убиството, обвинетиот Фејзи Азири, кој беше концесионер на Смилковското езеро, присуствувал на јавен настан во општина Илинден за доделување на 1000-то решение по ред за легализација на бесправно изградени објекти. Таму се сретнал со градоначалникот на општината и со министерот Јанакиески.
Елвир Мекиќ, пак, заедно со неговата екипа неколку часа пред убиството на Смилковското езеро снимале спот на „чист“ терен, но подоцна следувала кулминацијата на дејството.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи во вторникот бил во Косово и се сретнал со обвинетите, меѓутоа, денеска не кажа за што разговарале.
Се чека одлуката на косовските власти за тоа дали првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани.
Обвинителството издаде наредба за прибавување нови докази за случајот, односно бара да се провери каде зрачеле мобилните телефони на обвинетите на денот на убиството.
Во судницата во средата сведочеа роднините на обвинетите за петкратното убиство во Смилковското езеро
Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20-ти декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.
На 12-ти април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

