Црна хроника
Тарчуловски излезе од затворот во Германија, утре во Македонија
Јохан Тарчуловски во средата излезе од затворот во Диц,Германија и утре се очекува да пристигне во Македонија
Го пречекале неговата сопруга и блиските роднини и пријатели, а по излегувањето го бакнал македонското знаме.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во понеделник објави дека Тарчуловски, откако одлежал осум од неговата 12-годишна затворска казна, ќе биде ослободен, јави Балканската истражувачка мрежа.
МКТЈ го осуди поранешниот полициски офицер Тарчуловски, за воени злосторства извршени за време на конфликтот во Македонија во 2001 година, меѓу македонските безбедносни сили и етничките албански бунтовници.
Тој беше прогласен за виновен за водење на полициската единица која убила тројца цивили, етнички Албанци и извршила други злосторства во село Љуботен, скопско.
Судот го ослободи претпоставениот на Тарчуловски, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој беше обвинет за командна одговорност./крај/мф/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

