Црна хроника
Тепачки и каменувани автобуси низ улиците на Скопје
Повеќе инциденти со тепачки и каменувања на автобуси се случија во четвртокот низ Скопје.
Во првиот инцидент, дошло до општа тепачка на новата Железничка станица во Скопје, при што со камен било оштетено прозорското стакло на автобус на ЈСП.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на лице место, каде се затекнати 11 лица од кои седум се малолетни и тие биле приведени во ПС.„Кисела Вода”, каде по извршениот разговор биле ослободени.
Истиот ден во 20,10 часот, во Скопје на бул. „Крсте Мисирков”, на автобуската постојка, група составена од повеќе лица без повод и причина физички ги нападнале М.А.(16) и М.К.(17) двајцата од Скопје, нанесувајќи им телесни повреди во пределот на лицето.
Претходно, околу 16,45 часот, во Скопје на ул. „Филип Втори Македонски”, во близина на влезот на Градскиот трговски Центар, група од составена од повеќе лица физички го нападнале Ј.А.(18) од село Батинци и удирајќи го со тупаници по главата и телото му нанеле телесни повреди.
Вечерта околу 20,50 часот, во Скопје на ул. „Антон Попов”, непознат сторител извршил каменување на автобус на ЈСП бр. 55, при што со повреди се здобил патникот Н.Н.(23) од Скопје, а било скршено и едно прозорско стакло. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото
Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар.
Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило.
Според пријавата, подоцна повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале и му го оштетиле возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал партнерката во возило во центарот на градот
Полицијата во Скопје го приведе 36-годишниот Д.Л. од овој град, по пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:30 часот, мажот бил приведен по пријава дека на 4 јануари 2025 година, додека се движеле со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна.
Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово.
Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

