Црна хроника
Битолчанец уценувал лекар
Кривична пријава против Љ.К (46 години) поднесе во петокот СВР Битола поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело уцена, јави телевизија Тера.
Со цел за себе да прибави против правна имотна корист пријавениот на 12.04 2013 година од неговиот мобилен телефон преку СМС пораки му се заканил на Ј.Б (51 година) од Битола дека ќе открие настан што ќе му наштети на неговата чест и углед доколку не му исплати 500 евра.Ј.Б случајот го пријавил во полиција по што истиот ден околу 10 часот Љ.К отишол во канцеларијата на Ј.Б му дал бел плик со 500 евра претходно технички обработени.„Од страна на СВР Битола по превземени мерки и активности Љ.К е лишен од слобода и кај него е пронајден бел плик со 500 евра во разни апоени,“ изјави Магдалена Димитровска од СВР Битола./крај/тт/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

