Црна хроника
Да си купи мртовечки сандак ако не даде 10.000 евра
Двајца скопјани и кривопалачанец заработија кривични за изнуда.
Имено, К.П.(38), Н.А.(28) двајцата од Скопје и Н.М.(27) од Крива Паланка, се товарат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, во текот на април годинава телефонски и при лични средби во Скопје, со континуирано упатување на сериозни закани дека ќе го убијат, го присилиле З.М. од Скопје да им даде 10.000 евра со што сториле кривично дело – “изнуда”.
На кривичното дело претходел континуиран психички притисок врз оштетениот, кој го вршеле тројцата пријавени во текот на месецов како при лични контакти така и со телефонски јавувања и пораки. К.П., сметал дека оштетениот како сопственик на фирма, го оштетил со 15.000 евра бидејќи навреме не конкурирал на тендер за реновирање на затворот во Куманово.
За да си го наплати наводниот долг, ги ангажирал Н.М., кој е регистриран сторител на деликти проследени со насилство и кој работи како обезбедувач во казино и Н.А. исто така регистриран сторител на кривични дела.
На 9 овој месец првоосомничениот телефонски му се јавил на оштетениот, барајќи од него да му исплати 15.000 евра за наводната штета која ја претрпел, а потоа заедно со другите двајца, отишле во фирмата на оштетениот, каде му се заканувале по неговиот живот и животот на неговото семејство.
Три дена подоцна, Н.А. во утринските часови му пратил СМС порака на оштетениот, дека парите треба да ги исплати до 15 часот, а за кратко време К.П. телефонски му се јавил и му се заканил дека ако не ги донесе парите и ако се крие, да оди да си купи мртовечки сандак.
Оштетениот, исплашен за сопствениот живот, како и за животот на неговото семејство на 12 април во службените простории на СВР Скопје, ги пријавил К.П. и за него дотогаш, две непознати лица. По примањето на пријавата превземени се интензивни мерки и активности, при што е утврден идентитетот и на другите две лица, а од оштетениот со потврда се земени 10.000 евра, кои се крим-технички обработени и фотодокументирани и повторно вратени.
На 16 и 17-ти минатата недела, Н.А. континурирано телефонски му се заканувал на оштетениот, по што на 18-ти, во утринските часови, заедно со Н.М. заминале на ул. „Благоја Стефковски”, каде е седиштето на фирмата на оштетениот и каде камерите за видео надзор го регистрирале нивното доаѓање.
Налутени што не го нашле, телефонски му се заканиле со ликвидирање ако наредниот ден не ги донесе парите и се крие. Наредниот ден околу 14.30 часот, пријавените повторно дошле пред фирмата, при што внатре влегле К.П. и Н.А., а Н.М. го „обезбедувал” местото во непосредна близина. Внатре во канцеларијата тие изнудиле 10.000 евра, а извршувањето на кривичното дело е регистрирано на камерите за видео надзор, по што тројцата пријавени се приведени од полициски службеници на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје.
При извршениот претрес на приведените, од К.П. се одземени 10.000 евра и мобилен телефон, додека од Н.А. и Н.М. се одземени два мобилни телефони. Предметниот материјал е предаден во полиција за вештачење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

