Црна хроника
Полицијата трага по тројца Унгарци кои исчезнале во Охридското езеро
Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.
Чуварот на автокампот Градиште пријавил во полиција дека кога влегле унгарските државјани во кампот на автомобилот „фиат добло“ имало три кајаци.
Автомобилот стоел се уште на паркингот во автокаммпот, а Унгарците и кајаците кои биле на автомобилот ги немало.
Унгарците влегле во Македонија преку граничниот премин Табановце на 5 мај. Од СВР Охрид велат дека засега не се пронајдени знаци кои укажуваат на тоа дека се случила трагедија.
На терен се патроли на езерската полиција кои вршат интензивно пребарување, а се проверува и можноста дали можеби лицата по кои се трага влегле во територјалните води на Албанија.Според информации од полицијата, Унгарците биле на возраст од 38, 35 и 31 година./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

