Црна хроника
Кривична пријава против 13 членови од Франкфурт мафијата
Кривична пријава е поднесена во четвртокот против 13 членови на криминалната група позната како Франкфурт мафија, од кои десет се велешани, еден од Скопје и двајца од Штип.
Петмина од нив се уапсени во Македонија, еден е во бегство, додека останатите седумина биле уапсени во текот на 2012 и 2013 година во Австрија и Германија,а еден во Македонија.
Членовите на криминалната група се сомничат дека продавале хероин во Виена и ги примале и подигнувале парите од препродажбата на хероин кои ги испраќале членовите на истата група од Австраија, Словачка и Германија на нивно лично име преку брз трансфер на пари. За пет месеци на нивните сметки се префрлени 41 000 евра.
Дел од нив биле вклучени и во уличното продвање на хероин во Виена и Франкфурт, за што се уапсени и санкционирани во Австраија.
Истражен судија им одреди 30-дневен притвор на петмината уапсени во вчерашната акција во три града низ Македонија, а притвор му е одреден на едниот член на групата кој е во бегство./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.