Црна хроника
Sony во плус по пет години
Јапонскиот електронски гигант Sony соопшти дека оствари годишен профит првпат во последните пет години, благодарение на продажба на имотот и слабеењето на јенот.
Компанијата во финансиската година до 31-ви март остварила нето добивка од 436 милиони долари, додека во истиот период лани забележа загуба од 4,6 милијарди долари.
Sony соопшти дека за зголемување на продажбата влијаело слабеењето на јапонскиот јен во однос на другите валути, што ги намали цените на нејзините производи во странство.
Аналитичарите оценуваат дека за позитивниот бизнис резултат најмногу придонела продажбата на имотот на компанијата, пренесе BBC.
Sony очекува дека оваа финансиска година ќе оствари профит од околу 450 милиони долари, доколку се задржи нискиот курс на јенот, што и се очекува.
Јапонската валута за повеќе од 20 отсто ослаби во однос на доларот, од ноември минатата година, по што политичарите претставија агресивни мерки за поттикнување на економскиот раст.
Sony некогаш беше пазарен лидер во разни категории на потрошувачка електроника, но во последните неколку години доживеа голем бизнис пад, пред сé, поголемата конкуренција, падот на цените и намалувањето на маржата на заработка.
Најлошо стоеше одделението за телевизори, кое е во минус цели осум години./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

