Црна хроника
Полицаец со пријатели демолирал кафуле во Tетово
Вработен во тетовската полиција во саботата приквечер со тројца негови познаници го искршиле инвентарот во едно кафуле во Тетово, додека во објектот имало гости.
Во билтенот на МВР е евидентирано дека во саботата околу 19,30 часот во Тетово на ул.„180“ во Блок 70, поточно во угостителски објект „Кафе“, сопственост на Г.Ј.(1979) од Тетово, дошол М.Д.(1984) од Тетово, вработен во СВР-Тетово, заедно со уште три непознати лица и извршиле насилство, на тој начин што М.Д. земал една столица со која почнал да го крши инвентарот (кафемат „Вега“, два ТВ приемника „Нео“, столици, и др.), а потоа го напуштиле лице местото. За време на настанот во објектот биле присутни персоналот и гости. За настанот е запознат СВКПС. СВР-Тетово презема мерки за расчистување на случајот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.