Црна хроника
Уапсен познат разбојник- прерано ја извадил фантомката од глава
Познат скопски разбојник во скопското подземје попознат по прекарот Гринго е уапсен откако двапати го ограбил клубот за игри на среќа „Мастер Бет“, соопшти во вторникот скопската полиција.
Направил грешка кога по вторпат го ограбил клубот и веднаш ја извадил фантомката од главата и се обидел да ја сокрие во џеб.
Случајни минувачи кои тогаш минувале со автомобил го препознале, а потоа го идентификувале и вработените во клубот за игри на среќа. Од таму украл речиси осум илјади евра.
Приведениот Гринго има дебело полициско досие и досега против него се поднесени 22 кривични пријава, од кои 17 се однесуваат на дела проследени со насилство. За сторените кривични дела, пријавениот само еднаш, во 2008 година, е условно осуден за сторено кривично дело – “тешка телесна повреда“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

