Црна хроника
И го украл златниот ланец додека чела лифт во зграда

Додека старица чекала лифт во зграда во Центар, крадец од зад грб и го скинал и и го украл златниот ланец со приврзок, крст што и стоел на вратот.
Крадецот се качил на мотоцикл „Сим“ и избегал, а ланецот го продал во продавница за златен накит Дијамант во Старата скопска чаршија за 230 евра.
Очевидец го видел крадецот како се качува на мотоциклот, по што полицијата го нашла продадениот ланец, а истиот ден го привела крадецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
19-годишник од Струшко бил агресивен кон полицијата: го затекнале како управува мотоцикл со невалидни документи

Утрово во 00.30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија М.М.(19) од струшкото село Подгорци.
Тој според полицијата се однесувал агресивно кон полицијата откако при контрола го затекнале како управува моторцикл со измината важност на сообраќајните документи.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.
Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Приведени возачи од Битола и од Ресенско, управувале возила со 1,87 и 1,86 промил алкохол

Утрово во 00.08 часот на крстосница составена од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Баталјон Стив Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.К.(44) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „ровер” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.
На 25.07.2025 во 00.15 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Н.Т.(44) од с.Јанковец,ресенско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило„хјундаи” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.