Црна хроника
Ограбени 70-ина дела од ателјето на уметникот Пеце Видимче
Околу 70 дела се украдени ноќта од 22-ри кон 23-ти мај од ателјето на академскиот сликар Пеце Видимче во скопската населба Козле, информираа за Макфакс од семејството на уметникот.
Според внуката на сликарот, Викторија Видимче, станува збор за дела што имаат значајна вредност за македонската култура и уметност, бидејќи Пеце Видимче е еден од првите македонски уметници коишто се афирмираат по Втората светска војна, во текот на 1950-те години. Делата ги имаат потребните сертификати за потеклото.
Од Министерството за внатрешни работи на претставниците на семејството кои ја пријавиле оваа тешка кражба, им било кажано дека се направени првите истражни дејствија. Исто така, се претпоставува дека за овој случај ќе биде информиран и ќе се заинтересира и Интерпол, бидејќи е малку веројатно оти делата се наменети за домашниот пазар на уметнички дела.
Според обемот на украдените дела, имајќи ги предвид нивните димензии, најголемиот дел со димензии од 2 на 1,5 метар, како и дека станува збор за густо населена област од градот, може да се претпостави дека станува збор за организирана криминална група, можеби поврзана и со црниот пазар на уметнички дела, пошироко во регионот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

