Црна хроника
Таксист не сакал да ги вози, па му го украле возилото
Во петокот спроти сабота, околу 1 часот по полноќ во Штип на улицата „Сутјеска“, две непознати лица му дале знак да застане на такси возило управувано од страна на 57-годишниот Ј. А.
Откако застанал таксистот ги препознал лицата кои ги возел порано и не му платиле, па им рекол дека е на повик и дека нема да ги качи во возилото.
Потоа едно од лицата откако влегло во возилото почнало да го навредува и се обидело физички да го нападне, а другото преку отворениот прозор од бравата од воланот ги одзело клучевите и му побарало да му даде 500 денари за да му ги врати, по што Ј.А. излегол од возилото и побегнал, а случајот го пријавил во полиција.
Приведени се 24-годишниот Д. А. и 22-годишниот Е. М./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

