Црна хроника
Се превртеле трактори, загинале двајцата возачи
Во две одделни сообраќајни незгоди со трактор загинаа двајцата возачи на тракторите, во кумановско и во кавадаречко.
Во вторникот околу 14 часот, во атарот на село Живиње, кумановско, се случила сообраќајна незгода во која 72-годишниот Момчило А. управувајќи трактор се превртел и починал.
Тој го возел тракторот по стрмен планински пат, во кое превезувал уште три лица од 49 до 68-годишна возраст, сите од Куманово, но изгубил контрола и излетал од патот по што се превртел неколкупати.
Во незгодата на лице место починал Момчило, додека двајца до неговите сопатници се пренесени во Клинички центар во Скопје, додека на четвртиот патник во тракторот му е укажана медицинска помош на самото место.
Во вториот случај, исто така во вторник, околу 18 часот, во село Манастирец – кавадаречко, се случила собраќајна незгода во која, исто така, 72-годишниот Борис М. управувајќи трактор, се превртел со истиот, по што починал на самото место./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера во 14.15 часот во Полициската станица Карпош, Т.А.(78) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Чаулев“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 21.15 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Т.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Кривична пријава против директорот на ЈП “Стрежево” од Битола: набавил стар ратрак а го платил како да е нов
Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП “Стрежево” Битола, за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и “злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.
Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП “Стрежево” Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП “Стрежево” Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист.
Црна хроника
Мопед излетал од патот, возачот тешко повреден
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата Стамен Манов во Кочани, В. Џ. (51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница во Кочани.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Кочани.